• понеделник, 26 август 2024

Сончево и многу топло, од четврток постепено опаѓање на температурата

Сончево и многу топло, од четврток постепено опаѓање на температурата

Скопје, 25 август 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ-индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 37 степени.

Според прогнозата на УХМР, од денеска во попладневните часови, претежно во планинските подрачја, ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи.

-Повеќе услови за нестабилност ќе има од четврток кога на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во овој период ќе биде во постепено опаѓање, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. хс/цр

Фото: МИА архива 

Остани поврзан