Пожар во млекарница во тетовско Камењане
- Пожар изби во млекарница „Хит73“ во тетовско Камењане, вечерва околу 19 часот, информираат од тетовската пожарникарска единица.

Тетово, 25 август 2024 (МИА) - Пожар изби во млекарница „Хит73“ во тетовско Камењане, вечерва околу 19 часот, информираат од тетовската пожарникарска единица.
Поради пожарот голем густ чад се забележува и во Тетово како и од автопатот Тетово-Гостивар.
На местото на пожарот покрај противпожарни екипи од Тетово, пристигнаа и пожарникари од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје со две возила, а упатени се и екипи од Гостивар и Кавадарци. ас/лв/
Фото: ЦУК