• петок, 20 декември 2024

Заврши 6.Стрип колонија „Велес 2024“

Заврши 6.Стрип колонија „Велес 2024“

Велес,25 август 2024 (МИА) - Со  доцртување  на стриповите  кои беа со  две три или повеќе страни  и  заминување на стрип авторите денеска во Куќата на Касапови  позната како  „Куќата што лебди“ или Куќата на уметноста, во стариот дел на Велес, заврши работата на 6-та Стрип Колонија „Велес 2024’ што се одржуваше од 22 август со учество на десет стрип автори од земјава, Србија и Грција,  во организација на Стрип Центарот на Македонија-Велес, во соработка со Општина Велес и Министерство за култура и туризам.

Секој од учесниците  на колонија нацртаа по еден стрип на  слободна тема а имаше и  историски стрипови со силни пораки,  а кои потоа ќе бидат публикувани со стрип списанијата на СЦМ-Велес,  „Креатор“ „Алманах“ или ќе бидат претставени на стрип изложби во земјава и странство најави за  МИА, Томе Трајков од СЦМ Велес.

Меланија Стојанова е 21-годишна велешанка,  студентка на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет- отсек графички дизајн, првпат беше учесник на колонијата. За МИА  изјави дека  е среќна шо била меѓу учесниците, бидејќи оваа и била убава можност да научи повеќе од стрипот од своите поискусни колеги стрип автори. На стрип колонијата таа го нацрта својот втор стрип насловен „Мајка“.

- Јас сум почетник во областа на стрипот,а  на оваа Стрип колонија можев да научам многу за стрип уметноста  од поискусни и афирмирани стрип автори.Воедно со оваа учество можам да напредувам и во моите веќе започнати стрип илустрации.Тука го направив и мојот втор стрип „Мајка“ а првиот мој стрип го направив како задача по еден предмет на факултет.Воедно ќе им порачам и на другите млади стрип автори да дојдат следното лето на следната стрип колонија во Велес, порача Меланија.

Младиот стрип автор 19 годишниот Дарко Бојоски од Скопје кој петта година е учесник на Стрип колонијата во Велес е студен на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

- Прекрасна е оваа стрип колонија на неа сеоја година учам се’ повеќе и повеќе од моите поискусни колеги и ми овозможува да си ги подобрам своите уметнички ликовни вешти во стрип уметноста,Тоа го учам од веќе искусни и професионални  стрип автри од повеќе европски земји и Србија кои се учесници секоја година на оваа колонија појасни Дарко.

Тој годинава нацрта историски стрип „Маршал за поручник“ насловен „по вистински настан од Втората светска војна поврзан со Сталин. Тој појасни дека Сталин бил против  непотизам, па и  во случај за членови на неговото семејство,а  кои  служеле во Советската армија. Така во битката за Сталинград кога од страна на германците бил заробен неговиот син кој по чин бил полковник Станил одбил да го замени  германскиот маршал Фридрик Палус кој во битка го заробиле Русите. Тој одбил  не полковник за маршал. Потоа за жал неговиот син на само  27 годишна возраст умрел во концентрационен логор.

Методија Стојановски, 24-годишен графички дизајнер од Куманово , а  кој дипломирал на Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ –ФОН Универзитет во Скопје, првпат е на стрип Колонијата во Велес.

- Како за прво учество земав слободна тема од јапонската култура од рурална Јапонија, во стрипот „Судбината на дланка“. Раскажувам една реалистична слика за остварување на човечкиот потенцијал, за тоа  како некој може да си го исполни својот живот или да го отфрли без да направи ништо.Јас претставив една од голем број на војни и од тоа време во Јапонија кои се преполни со жртви-млади животи кои се предвреме одземени и како нивниот потенцијал не бил  заживеан, појасни Методија.

Ивица Сретеновиќ афирмиран  стрип автор од Трстеник Србија, за МИА, ни изјави дека е среќен што е учесник на оваа стрип колонија и  може да ги учи помладите колеги стрип автори,а во таа комуникација и тој нешто да научи од нив.

Ване Трајков основач и извршен директор на СЦМ-Велес кој е идеен творец на Меѓународниот стрип салон кој неделава се одржа по 21 пат и 6 тата Стрип Колонија  за МИА, потсетува   дека Велес е прв македонски град  во земјава м а каде се одржува стрип колонија и втор во Европа,Воедно и дека  тоа е    потврда дека Велес е центар на  стрип уметноста во земјава, а дека СЦМ-Велес  во сите овие изминати години дава голем и значаен придонес за развој на стрип уметноста посебно помеѓу младите во земјава.

- Оваа 6 –та  стрип колонија и 21. Меѓународниот стрип кои оваа недела се одржаа во Велес  даваат резултати и  секоја година имаме се’ поголем број на млади македонски стрип автор,како и учесници од странство. Тоа е потврда дека македонската стрип уметнос има иднина, потенцира Трајков.

Инаку вчера попладне во Куќата на уметноста  стрип работилница во рамките на 6- та Стрип колонија имаше проф д-р Бошко Караџов  професор по филозофија  и самостоен научен истражувач во областа на графичката литератира,а кој има публикувано и изданија од оваа област.

На 6.Стрип колонија учествуваше  и Александар Стеванов од Штип еден од најдобрите македонски сценаристи за стрип и стрип теоретичар, а кој годинава ја доби наградата  за најдобар македонски стрип „Си беше еднаш еден човек“ на негово сценарио,а кој го нацрта Дарко Богданов.ад/лв/

фото: МИА

 

Остани поврзан