• сабота, 27 јули 2024

Презентација на јавен повик за техничка помош за развој на добавувачи

Презентација на јавен повик за техничка помош за развој на добавувачи

Скопје, 16 јануари 2024 (МИА) - ТИРЗ во партнерство со Меѓународната Финансиска Корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата на Светска банка и со поддршка од Швајцарскиот секретаријат за економски прашања (СЕКО) почнува нова иницијатива наменета за поддршка на македонските компании.

За таа цел, денеска ќе биде презентиран јавниот повик за техничка помош за развој на добавувачи.

- Повикот е одговор на пазарните можности и предизвиците со кои се соочуваат домашните фирми, и нуди техничка помош  насочена кон зголемување на нивната конкурентност на странските пазари и кај странските компании во земјава, истовремено помагајќи им да бидат подобро подготвени во процесот на зголемување на нивната инвестициска подготвеност и зголемување на нивните извозни способности, велат од ТИРЗ. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан