• четврток, 12 септември 2024

Второ продолжение на 14-тата собраниска седница

Второ продолжение на 14-тата собраниска седница

Скопје, 12 септември 2024 (МИА) – Собранието денеска ќе го одржи второто продолжение на 14-тата седница на чиј дневен ред се повеќе предлог закони по скратена постапка меѓу кои и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и за изменување и дополнување на Законот за медиуми.

Во рамките на седницата пратениците треба да ги разгледаат и Предлог законот за задолжување на Република Северна Македонија од 500 милиони евра кај Унгарската експорт-импорт банка, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, трите по скратена постапка.

Трите законски решенија беа предложени како дополнителни точки на дневниот ред на седницата поради што утврдувањето на дневниот ред вчера траеше до доцна попладне.

На дополнителниот дневен ред на седницата има вкупно 33 точки од кои за две се повлечени материјалите, а вчера беше разгледан Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри, во прво читање, поднесен од пратениците од Европскиот фронт, за кој Собранието утврди дека не е прифатлив и оти не треба да се даде на натамошно читање. вј/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан