• четврток, 26 декември 2024

Евроамбасадорот Гир на отворање на „Europe House“ во Битола

Евроамбасадорот Гир на отворање на „Europe House“ во Битола

Битола, 6 мај 2023 (МИА) - Евроамбасадорот Дејвид Гир и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска официјално ќе ја отворат „Europe House“ во овој град.

Отворањето го означува почетокот на активностите на Денот на Европа 2023 година на Делегацијата на Европската унија. Отворањето на Europe House ќе вклучува најразлични активности, а започнува со дебата со студентите од Правниот факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“, потоа се сели на Широк Сокак, Магаза и Патио каде што ќе бидат отворени две изложби и завршува со концерт на локални бендови на платото на Офицерскиот Дом и диџеј сет во Бар Јагода.

Новата Europe House ќе работи во Офицерскиот Дом во Битола, кој беше зачуван со финансиска поддршка на Европската Унија преку Програмата за локален и регионален развој.

Ова е четврта Europe House отворена од Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, по Скопје (2018), Крива Паланка и Струмица (2020). цр/бак/

Фото:МИА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан