• вторник, 11 март 2025

Мултинационалната борбена група на полигонот Ново Село има сè подобра координација, изјави претседателот Румен Радев

Мултинационалната борбена група на полигонот Ново Село има сè подобра координација, изјави претседателот Румен Радев

Софија, 11 март 2025 – Мултинационалната борбена група функционира повеќе од две години и можам да кажам дека секогаш кога доаѓам гледам подобра координација и одлична интеракција. Ова го изјави претседателот и врховен командант на бугарската армија Румен Радев пред новинарите на полигонот Ново Село.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Двајцата заедно со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ го посетија полигонот и се сретнаа со бугарскиот и црногорскиот контингент.

Претседателот рече и дека сите земји кои испратиле контингенти овде работат во исклучително добра координација со заеднички задачи и заедничка цел, а тоа е да се постигне повисоко ниво на подготовка и интероперабилност.

Радев посочи дека е исклучително задоволен од бугарскиот контингент и од бугарскиот воен персонал, кои имаат се позначајна улога во севкупната организација на оваа обука.

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан