• четврток, 02 јануари 2025

Москва: Русија и Украина разменија по 150 воени заробеници

Москва: Русија и Украина разменија по 150 воени заробеници

Москва, 30 декември 2024 (МИА) - Русија и Украина денеска извршија размена на воени заробеници, при што секоја страна ослободи по 150 затвореници, соопшти руското Министерство за одбрана.

Руските затвореници биле ослободени на територијата на Белорусија и ќе бидат префрлени во Русија. Во соопштението се наведува дека Обединетите Арапски Емирати посредувале во размената.

„Во моментот, сите руски заробеници се наоѓаат на територијата на Белорусија, каде што им се дава потребната психолошка и медицинска помош, како и можност да стапат во контакт со своите семејства. Сите ослободени ќе бидат префрлени во Русија за понатамошно лекување и рехабилитација во медицинските установи на Министерството за одбрана“, соопшти руското Министерство. ссм/

фото: архива

Остани поврзан