Мицкоски: Контролата на цените е робусна
- Контролата на цените на производите е робусна и жестока како никогаш досега, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Скопје, 8 март 2025 (МИА) – Контролата на цените на производите е робусна и жестока како никогаш досега, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Нагласи дека следната недела ќе имаат состанок за законските измени како една од мерките за да се спречи ново покачување на цените по 30 април, по што, како што рече, ќе може да каже повеќе детали.
-Се бориме, процесот е динамичен. Можам да кажам дека очекувам намалување на трошоците веќе во март споредено со февруари, рече Мицкоски во одговор на прашање при денешната посета на Свети Николе.
Ги повика трговците да им служат на граѓаните наместо да нарачуваат „платени прес-конференции кај опозицијата“.
-Тие постојат за граѓаните и граѓаните се нивните потрошувачи. Наместо да подметнуваат текстови кај опозицијата, која ги чита на прес-конференции, да стават прст на чело и да не се служат со трикови, туку да работат во интерес на граѓаните, порача Мицкоски. вј/лв/
Фото: Принтскрин