Премиерот Мицкоски во посета на Свети Николе
- Во Општина Свети Николе почна реализацијата на проектите, кои се финансирани од првиот повик за искористување на средствата од унгарскиот кредит. Премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев денеска извршија увид во градежните работи на улицата „Живко Чинго“, за што инвестицијата изнесува пет милиони денари, средства од првиот повик на унгарскиот заем и на балон салата во СОУ „Кочо Рацин“. Владев истакна дека овој проект е вреден шест милиони денари, а парите се обезбедени од Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.

Свети Николе, 8 март 2025 (МИА) – Во Општина Свети Николе почна реализацијата на проектите, кои се финансирани од првиот повик за искористување на средствата од унгарскиот кредит. Премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев денеска извршија увид во градежните работи на улицата „Живко Чинго“, за што инвестицијата изнесува пет милиони денари, средства од првиот повик на унгарскиот заем и на балон салата во СОУ „Кочо Рацин“. Владев истакна дека овој проект е вреден шест милиони денари, а парите се обезбедени од Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.
-Општина Свети Николе оваа година доби околу два милиони евра за проекти има аплицирано и ќе аплицира со 15 или 16 проекти, коишто ќе бидат и во градот и во селата. Значи изградба на улици, мостови, изградба на соблекувални, сали и итн, изјави Владев.
Мицкоски истакна денеска во Свети Николе се слави празникот Тодорица, а на овој голем празник за граѓаните на Свети Николе најави дека годинава ќе се реализираат голем број на проекти во вредност од два милиони евра. вдј/лв/
Фото: МИА