• вторник, 24 декември 2024

Мицкоски: Власта да не го блокира заемот од Светска банка за општините и да ги поддржи амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за ребаланс на буџетот

Мицкоски: Власта да не го блокира заемот од Светска банка за општините и да ги поддржи амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за ребаланс на буџетот
Скопје, 27 мај 2022

Моментално комисиите и стручните тела на ВМРО-ДПМНЕ работат заедно  со политичките партии кои се дел од коалицијата и многу скоро од денеска ќе излеземе со амандмани за ребалансот на Буџетот кои ќе бидат доставени во Парламентот. Дел од тие амандмани ќе бидат произлезени од народот и потребата на народот  како подобра инфраструктура, паркови, спортски игралишта, канализација, водовод и подобри услови за живот за граѓаните, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на општина Гази Баба.

Мицкоски потенцираше дека очекува власта да покаже зрелост и да ги поддржи амандманите кои ќе ги предложи ВМРО-ДПМНЕ  и со истите да не се однесува неодговорно како што во моментов го кочи заемот од Светска банка за поддршка на општините во Македонија.

Очекувам од страна на владата одговорност и зрелост да ги поддржи тие амандмани, нешто што не е во случајот актуелно со заемот од Светска банка од 63 милиони евра кој го почнале уште во февруари 2021 мислејќи дека ќе победат градоначалниците на СДСМ на локални. И така секоја општина добива одредена сума на пари од Светска банка, потребни за подобрување на инфраструктурата.  СДСМ доживеа  дебакл на изборите и го кочи овој заем. Помина на комисија и сега Талат не ја става на пленарна седница, изјави Мицкоски.

Мицкоски посочи дека со тој заем Гази Баба треба да добие отприлика милион евра и ако сега се вложени  рекордни 50 милиони во асфалтирања на улици, ќе има нови 60 милиони денари за нови улици, канализација, водовод.

- Но, тоа не доаѓа на дневен ред, наместо тоа има лиценца за втора лотарија. Тоа што е потреба на граѓаните, не доаѓа на дневен ред, приоритет има се  поединци. Ги повикуваме и Талат и останатите да се надминат и  да ја стават точката на дневен ред за луѓето да можат да добијат нови улици и тие во Гази Баба и Струга, Струмица и другите општини. Нека се покажат станува збор за 63 милиони евра кои ќе го подобрат животот на граѓаните, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски: Џафери сака да предизвика инцидент

„Полн е за жал спикерот со примитивизам, и тоа навистина делува фрустрирачки за сите граѓани. Не за нас што се срамиме од тие недолични постапувања што се занимаваме со политика, туку сите граѓани. Еве, прашајте ги луѓето овде и насекаде. Тој примитивизам навистина згрозува. Но, морам да кажам не е наивен. Затоа што тој примитивизам има своја цел, а таа цел е да предизвика инцидент на лик на оној од 27-ми април, и да може овој примитивец заедно со сите тие кои што го поддржуваат да бидат претставени во едно поинакво светло од тоа што се“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски од Гази Баба, во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија и нема да дозволи да надвладее примитивизмот на власта. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со активна блокада на се она што не е од интерес на граѓаните.

„Треба да знаат тие сценаристите и организаторите дека ВМРО-ДПМНЕ е многу поискусна, и ВМРО-ДПМНЕ е многу поорганизирана, и ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ја продолжи оваа агонија во Македонија. И затоа ќе продолжиме одговорно да се донесуваме во Парламентот, да се однесуваме онака како што зацртавме со активна блокада на се она кое што не е од интерес на граѓаните. И нема да дозволиме да се повторат настани од минатото, со кои што ќе им дадеме вештачко дишење на овие би рекол примитивци кои што во моментот се на власт“, појасни Мицкоски.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада, и секој кој се огрешил пред законот ќе одговара

При денешната посета на општина Гази Баба во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на коментар за апсењето на наводно блиски луѓе и обвинувањата од СДСМ за инволвираност за случајот со продажбата на ниви во Делчево истакна дека се конструираат лаги и измислици и се дефокусира јавноста од тешкиот живот  и инфлацијата ,бидејќи се плашат и знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада.

„Видете јас сум навикнат да околу мене се конструираат лаги, измислици и невистини, четири и пол години сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ и најчесто тие што тоа го конструираат завршуваат со судски пресуди и треба да се извинат. Така беше многу пати во минатото така е и сега и така ќе биде во иднината. Нормално уплашени се знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која што ќе ја формира следната влада и знаат дека ќе треба да одговараат за криминалот па сега се обидуваат да растураат пердуви и да конструираат лаги и измислици и да ги поврзуваат со мене. Но тоа мене дополнително ме мотивира да продолжам да работам онака како што до сега сум работел чесно, посветено,мотивирано така било и така и ќе биде. Се обидуваат да ја дефокусираат јавноста од брилијантното однесување во парламентот, од инфлацијата, од тешкиот живот, од сите оние фаули што ни се случуваат секојдневно со тоа што нешто ќе поврзат негативно во општеството со мене. Да бидеме јасни и прецизни, јас верувам во презумција на невиност но исто така секој оној што се огрешил пред законот, родена сестра и брат да е, ќе одговара, времето на неказнивост на поединци во општеството заврши, времето на луѓето кои што мислат дека ќе си поигруваат со законот, заврши, но тоа важи и за сите останати кои што биле на линија на законот од едната или од другата страна. Затоа сакам да им порачам на сите оние конструктори и измислувачи на лажни вести дека продолжуваме понатаму да се бориме против криминалот и корупцијата, продолжуваме понатаму да ги реализираме проектите а нормално повторно ние ќе се најдеме на суд и повторно нивниот партизиран суд, нивните партизирани органи на прогонот ќе треба да се извинат“,  нагласи Мицкоски.

Изјава за медиуми на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
____________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан