• недела, 28 јули 2024

Минусни температури утрово, најстудено на Попова Шапка

Минусни температури утрово, најстудено на Попова Шапка

Скопје, 5 април 2023 (МИА) - Минусни температури утрово се измерени на Попова Шапка -7 степени Целзиусови, -5 во Маврови Анови, -4 во Крушево и -1 во Крива Паланка и Берово.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека нула степени се регистрирани во Прилеп, Дебар, Виница, Тетово и Куманово, 1 во Битола, Штип и Охрид, 2 во Претор, Скопје-Зајчев Рид и Скопје-Петровец, 3 во Струмица, Дојран и Демир Капија и 5 степени во Гевгелија.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 7 сантиметри, 4 сантиметри во Маврови Анови и 2 сантиметри во Пожаране и Крушево.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, на планините и некои повисоки места од слаб снег, претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 8 степени. дма/аа/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан