• среда, 21 август 2024

Министерот Муцунски ги прими акредитивите од новоименуваната холандска амбасадорка Узлем Џанел

Министерот Муцунски ги прими акредитивите од новоименуваната холандска амбасадорка Узлем Џанел

Скопје, 20 август 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Кралството Холандија во нашата држава, Узлем Џанел, информираат од МНР.

- На средбата министерот Муцунски и посака срдечно добредојде на амбасадорката и успешна дипломатска мисија, изразувајќи задоволство од досегашниот динамичен и континуиран политички дијалог меѓу двете држави, изразувајќи очекување дека и за време на нејзиниот мандат во нашата земја, со заедничка работа ќе се придонесе кон натамошно унапредување на соработката, соопштуваат од МНР. 

Притоа, Муцунски се заблагодарил за принципиелната и континуирана поддршка на Кралството Холандија на нашиот европски пат, потенцирајќи го значењето на партнерството со Холандија во процесот на интеграција кон ЕУ и на поддршката и помошта во градењето на европски и демократски институции во земјава. 

- Холандската Амбасадорка Џанел изрази подготвеност за интензивирање на политичките и економски односи за време на нејзината дипломатска мисија, нагласувајќи дека Кралството Холандија ќе продолжи со принципиелна поддршка на патот на нашата земја кон ЕУ, известуваат од МНР. ир/нд/

Фото: МНР

Остани поврзан