• сабота, 16 ноември 2024

Министерот Минчев на свечената седница на Советот на општина Куманово, по повод 505 години од основањето на градот

Министерот Минчев на свечената седница на Советот на општина Куманово, по повод 505 години од основањето на градот

Куманово, 11 ноември 2024  

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на покана на градоначалникот на општина Куманово, учествуваше на Свечената седница на Советот на општина Куманово, по повод одбележувањето на 505 години од основањето на градот и 80 години од неговото ослободување. Свеченоста се одржа во Домот на културата „Трајко Прокопиев” во Куманово, каде што се собраа граѓани и гости за да го прослават овој значаен ден.

Министерот Минчев упати честитки до граѓаните на Куманово, нагласувајќи ја важноста на историјата и културното наследство на градот, кој веќе половина милениум претставува симбол на слобода, солидарност и отпор.

-Куманово има значајна улога во нашата историја и војувањето за слобода и праведност. Оваа годишнина е потсетник на храброста и отпорноста на неговите жители, кои и денес се пример за заедништво и напредок, истакна Минчев.

На свеченоста, се обратија и советници, претседателката на Советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кои ја истакнаа значајната улога на градот во рамките на општествениот, културниот и економскиот развој на земјата.

Во знак на признание за достигнувања и заслуги, беа доделени и традиционалните ноемвриски награди.

На свечената седница присуствуваа и претставници на Владата, министри, пратеници, како и членови на дипломатскиот и академскиот кор, кои ја одбележаа важноста на овој јубилеј за Куманово и неговите граѓани, со заедничка честитка за долгорочен просперитет и развој на градот.

 

Министерство за јавна администрација

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан