• сабота, 20 јули 2024

Минесота му го нанесе најтешкиот пораз на Денвер во историјата на франшизата

Минесота му го нанесе најтешкиот пораз на Денвер во историјата на франшизата

Минесота, 17 мај 2024 (МИА) - Серијата помеѓу Денвер Нагетс и Минесота Тимбервулвс досега имаше се што можевме да замислиме кога е во прашање кошарката, а сега ќе го гледаме седмиот натпревар во серија бидејќи „волците“ го совладаа противникот со 115:70 и со тоа изборија „мајсторка“.

Нагетс во последната четвртина влегоа со -25, но Минесота повторно ја стегна одбраната и со серија од 24:0 отиде на +50!

До крајот на натпреварот шанса добија некои момци кои вообичаено немаат минутажа во плеј-офот и успеаја малку да го ублажат поразот.

Ова е најтешкиот пораз во историјата на франшизата од Колорадо кога е во прашање НБА плеј-офот.

Никола Јокиќ беше најефикасен со 22 поени и не доби вистинска поддршка од остатокот од тимот. Арон Гордон додаде 12 поени, а единствен со двоцифрен број поени беше Џамал ​​Мареј со 10.

Од другата страна, Ентони Едвардс ја предводеше Минесота со 27 поени, Џејден МекДаниелс додаде 21, Мајк Конли 13, додека Карл-Ентони Таунс и Наз Рид постигнаа по 10. дс

Фото: Фејсбук/Денвер Нагетс

Остани поврзан