• недела, 24 ноември 2024
МИА Флеш

  12 ноември 2024

 

 

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски и сопственикот и менаџер на Бреинчајлд, Ралф Хенинг Гросел денеска потпишаа договори за државна помош за два одделни инвестициски проекти. Станува збор за компанијата Бреинчајлд, која е формирана како заедничко вложување на група инвеститори од Германија и Холандија, кои креираат глобален производител на висококвалитетна спортска опрема за спортови на вода и ветер. 

Брендот Бреинчајлд во нашата држава има формирано две компании - Бреинчајлд Продукција во 2020 година и Бреинчајлд Производство во 2022 година.

Скопје - Али Ахметни продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува, но ги загрижува и нашите меѓународни партнери бидејќи Али Ахмети и ДУИ се повеќе, и на дневна основа стануваат фактор на нестабилност, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Коментирајќи го соопштението на ДУИ дека власта ги уништува сите досегашни постигнувања во државата и ако се допре законот за јазиците, сите Албанци ќе бидат на нозе, премиерот Мицкоски посочи дека тоа е дел од реториката на опозицијата која нема да може да предизвика нестабилност.

Скопје - Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска остварил средба со амбасадорката на Германија во земјава Петра Дрекслер.

Во фокусот на средбата, како што сопштија од кабинетот на Минчев, била можноста за унапредување и продлабочување на билатералната соработка помеѓу двете земји, со акцент на реформите во јавната администрација и подобрувањето на ефикасноста на јавните услуги.

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски останува на ставот дека не очекува зголемување на цената на струјата, но доколку дојде до тоа тогаш, според него, зголемувањето би било од еден до три проценти. 

Ваквите очекувања, Мицкоски ги темели на постепената консолидација на ЕСМ што е направена во изминатите четири-пет месеци, состојбата со количините јаглен, набавката на природниот гас...

Скопје - Владата веќе работи да се изградат когеративни централи за затоплување на неколку локации, со цел да се намали аерозагадувањето во Скопје, но и во другите градови во земјава, откри денеска премиерот Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарско прашање во врска со обвинувањата од опозицијата дека Владата ништо не презема за справување со аерозагадувањето.

Скопје - Средствата од унгарскиот заем во моментот се се уште на сметката и не се користат. На буџетската сметка имаме суфицит, а тоа резултира да имаме помало задолжување на домашниот пазар од планираното. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Kочоска во гостување во 360 Степени.

Скопје - Македонскиот е-купувач е сличен на балканскиот, добро е поврзан со интернет, но главно го користи за социјални медиуми, телефонирање, видео повици,... Најчесто прави нарачки до 50 евра и купува облека. Притоа, ова не му е навика, туку го прави еднаш до двапати во три месеци што значи дека е „случаен онлајн купувач“. Генерално плаќа во готово при достава и прави зделки со домашни продавачи. 

Скопје - Земјава со експертска помош од ЕУ и ЕУРОСТАТ ќе ги разгледува можностите за пресметка на медијална плата, рече денеска директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков. 

Одговорајќи на новинарски прашања во однос на медијалната плата, Станков најави и потпишување меморандум за соработка со Управата за јавни приходи (УЈП). 

Скопје - Околу 350 деца Роми, на возраст од три до шест години, ќе престојуваат бесплатно во јавните градинки во 21 општина во државава.  Во рамки на проектот „Инклузија на децата Роми во јавните општински установи - детски градинки“, денеска беа потпишани договори за соработка меѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади, општините и градинките на нивна територија каде што ќе бидат згрижени децата од таа етничка заедница. 

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани рече дека инклузијата на деца Роми во градинките ќе биде овозможена со блок-дотации кои на општините ќе им ги обезбеди Министерството.

Скопје - Разбирање на модерните текови и предизвиците на современото родителство, преку инспиративни говори и совети за пристапот во родителството низ децениите, улогата на мајките, татковците и бабите во тек на растењето и развојот на децата и многу други има за цел регионалната конференција „Родителството некогаш и денес“, што се одржува денеска во Скопје во организација на брендот „Бекутан“.

Во изјава за медиумите, примариус доктор Марина Поп - Лазарова, педијатар неонатолог, рече дека се разговара за предизвиците на родителите, некогаш и сега.

Скопје - Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со Здружението на продолжувачи на борци од Кисела Вода ја открија спомен-плочата, подигната во чест на загинатите партизани кои учествувале во битките за ослободување на Драчево и Скопје.

Делчево - Во Делчево синоќа почина сликарот Пепи Атанасов. Во својот работен век Атанасов, кој е роден 1967 година, има работено на цртање мурали на општинската зграда, комплексот Делчевчанка, воспитно-образовните установи во градот, како и неколку колективни станбени живеалишта во Делчево.

Творец е и на повеќе дела кои оставија белег во старата градска чаршија.

Атина - Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вчера одржа телефонски разговор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и му честитал на изборната победа, соопшти АНА-МПА.

Во текот на разговорот, Мицотакис ја нагласил важноста на стратешкото партнерство меѓу Грција и САД за стабилноста и безбедноста на целиот регион, изразувајќи надеж за тесна соработка со новата американска администрација по прашања од билатерален, регионален и меѓународен интерес.

Белград - Бруто девизните резерви на Народната банка на Србија (НБС) на крајот на октомври 2024 година изнесуваат 28.288 милиони евра, што е највисоко ниво на бруто девизни резерви досега, забележано на крајот на месецот. Во однос на крајот на септември тие се зголемени за 8,3 милиони евра, јави дописникот на МИА од Белград.

Овој износ на девизни резерви обезбедува покриеност на паричната маса М1 од 181,3 отсто и 7,2 месеци увоз на стоки и услуги, што е повеќе од двојно над стандардот што го одредува соодветното ниво на покриеност на увозот на стоки и услуги со девизни резерви.

Берлин – Германија планира да одржи предвремени парламентарни избори на 23 февруари 2025 година, по распадот на коалицијата на канцеларот Олаф Шолц пред една недела, соопштува Франс прес, повикувајќи се на извори блиски до Социјалдемократската партија на Шолц.

По неколкудневен застој, датумот е договорен со главната опозициска партија, конзервативците ЦДУ/ЦСУ, додаваат истите извори, пренесува Бета.

Вашингтон - Доналд Трамп е подготвен да изврши притисок врз Украина да се согласи на договор за прекин на огнот за да и докаже на американската јавност дека може да ги исполни своите ветувања, изјави воен аналитичар и поранешен американски воен советник.

Трамп во предизборната кампања вети дека брзо ќе ја заврши војната во Украина доколку се врати во Белата куќа, но не објасни како ќе го постигне тоа.

Вашингтон - Според прогноза на агенцијата Decision Desk HQ, републиканците можат да обезбедат 218 места во долниот дом на американскиот Конгрес и со тоа да обезбедат мнозинство, кое веќе го обезбедија и во Сенатот. Исходот од уште осум трки се уште не е решен, но тие имаат поголеми шанси отколку демократите, прогнозира DDHQ.

Засега, демократите имат осигурано 205 места додека републиканците имаат 214.

Според најновата прогноза на оваа агенција, Републиканската партија може да ја добие контролата врз двата дома на Конгресот во јануари, кога избраниот претседател Доналд Трамп ќе ја преземе должноста. 

Вашингтон - Актуелниот претседател на САД, Џо Бајден и новоизбраниот Доналд Трамп утре треба да одржат протоколарна средба во Белата куќа. Според информациите до кои дојде „Њујорк пост“, весник близок до Доналд Трамп, Меланија Трамп наводно ја одбила понудата да се сретне со сопругата Џил на традиционалниот чај што се организира по повод ваквите разговори, додека Бајден разговара со Трамп.

Како што се наведува, Меланија се одлучила на овој потег бидејќи администрацијата на Бајден во рамките на истрагите за Трамп наредила и претрес на нејзините работи во резиденцијата во Мар-а-Лаго.

Техеран - Иран започна со изградба на „одбранбен тунел“ во главниот град Техеран, јавувуваат локалните медиуми, посочувајќи дека проектот е поврзан со неодамнешните израелски напади врз Иран.

Тунелот е лоциран близу до центарот и ќе ги поврзува метро линиите со болницата „Хомеини“, овозможувајќи директна подземна врска.

Стразбур - Европскиот парламент ќе одржи вонредна седница на 19 ноември во Брисел, за да одбележи 1000 дена од почетокот на руската воена агресија против Украина, соопшти претседателката на ЕП, Роберта Мецола.

По тој повод, украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се обрати на европратениците, иако нема да присуствува лично на седницата.

Варшава – Началникот на Генералштабот на Војската на Полска, Вјеслав Кукула предупреди дека ако набрзо се договори мир во Украина, како што ветува новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, Русија и пред 2029 година може да ги обнови своите вооружени сили и порано да биде подготвена за судир со НАТО.

- Русија има демографски потенцијал и суровини и што е најважно, воена индустрија што добро функционира не само кога има војна, туку истовремено го развива и одбранбениот потенцијал на земјата. Крајот на конфликтот во Украина во голема мера ќе ја олесни реконструкцијата на Русија и зајакнување на вооружените сили, изјави генерал Кукула за полскиот весник „Жечпосполита“.

Порт-о-Пренс – Неколку авиокомпании ги откажаа летовите за Хаити откако американски патнички авион беше погоден од огнено оружје при слетувањето.

Авион на „Спирит ерлајнс“ (Spirit Airlinesa) на летот 951 од Форт Лодердејл, Флорида, по пукањето беше пренасочен во соседна Доминиканска Република, каде безбедно слетал на Аеродромот Сантијаго. Во инцидентот само еден член на екипажот е полесно повреден.

Атина - На 91-годишна возраст денеска почина Вардис Вардинојанис – грчки бизнисмен и основач на истоимената економска групација, една од највлијателните фактори во грчката економија, објави АНА-МПА, повикувајќи се на соопштение од неговото семејство.

Вардинојанис е роден во 1933 година во Ретимно, Крит. Тој завршил воена поморска академија и служел во морнарицата.

Тагови

Остани поврзан