• петок, 08 ноември 2024

Металург почнува со Тулуз во групната фаза на Лигата на Европа

Металург почнува со Тулуз во групната фаза на Лигата на Европа
Скопје, 2 октомври 2020 (МИА) - Познат е и распоредот на натпреварите на ракометниот клуб Металург во групната фаза од второто по квалитет ракометно натпреварување - Лигата на Европа. Тимот на Зоран Кастратовиќ почнува со гостување кај екипата на Тулуз, а во второто коло во Скопје ја пречекува екипата на Висла Плоцк. Тимот од Автокоманда по две средби ќе одигра во октомври, во ноември и во декември, додека последните четири натпревари на програмата се во февруари и во март следната година. Распоред на натпреварите: 01. Коло (20.10.2020): Тулуз – Металург 02. Коло (27.10.2020): Металург – Висла Плоцк 03. Коло (17.11.2020): Адемар Леон – Металург 04. Коло (24.11.2020): Металург – Фиверс 05. Коло (01.12.2020): Металург – Чеховски Медведи 06. Коло (08.12.2020): Чеховски Медведи – Металург 07. Коло (09.02.2021): Металург – Тулуз 08. Коло (16.02.2021): Висла Плоцк – Металург 09. Коло (23.02.2021): Фиверс – Металург 10. Коло (02.03.2021): Металург – Адемар Леон

Тагови

Остани поврзан