• понеделник, 16 декември 2024

Мелони ги осуди нападите врз мировните сили на ОН во Либан, се залага за нивно зајакнување

Мелони ги осуди нападите врз мировните сили на ОН во Либан, се залага за нивно зајакнување

Рим, 12 октомври 2024 (МИА) – Италијанската премиерка Џорџа Мелони, која учествува на Самитот на лидерите на деветте медитерански земји-членки на ЕУ во Кипар, ги осуди израелските напади врз мировниците на ОН во Либан, нагласувајќи дека тоа е неприфатливо и се залага за зајакнување на мировните трупи.

Мелони, по усвојувањето на заедничката декларација, која беше составена со учество на Франција и Шпанија, најави дека на следниот состанок на групата Г7 за одбрана, сака да покрене иницијатива во која би се вклучиле и други земји за да се постигнат заедничките напори за зајакнување на мировните сили во Либан, пишува медиумот Италија24.

Главните цели на нејзината влада, како што нагласи, остануваат прекинот на огнот во Газа и Либан, како и ослободување на сите израелски заложници и помош за цивилното население, со решение за две држави како пат кон траен мир. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан