• сабота, 22 февруари 2025

Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев

Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев

Киев, 22 февруари 2025 (МИА) – Едно лице е убиено во близина на Киев во најновиот руски напад со дрон врз Украина, соопштија денеска властите, јави ДПА.

Мажот, 60-годишен чувар кој работел на железнички премин, им подлегнал на повредите пред да пристигнат лекарите, соопшти регионалната администрација на Киев на Телеграм.

Поради нападот избувнал пожар во магацин, а пукнале стакла од станбена зграда и објект за тренинг.

Русија во текот на ноќта лансирала 162 дронови од кои 82 биле соборени, соопшти украинската воздушна одбрана.

Штети биле пријавени и во регионите Харков и Дњепропетровск.

Околу 75 од беспилотните летала не носеле експлозиви и исчезнале од радарот без никакви дополнителни удари.

Не е можно самостојно да се проверат информациите од воената зона, нагласува ДПА. јт/

Фото: Државна служба за итни случаи на Украина

Остани поврзан