• петок, 26 јули 2024

МВР: Заканите кон судија на Уставен суд биле преку социјална мрежа

МВР: Заканите кон судија на Уставен суд биле преку социјална мрежа

Скопје, 24 јуни 2024 (МИА) - Заканите кон судија на Уставен суд кои денеска ги пријави претседателот на Судот Дарко Костадиновски, биле преку социјална мрежа, а нив ги упатило лицето С.И, информираат од Министерството за внатрешни работи. 

- Денеска (24.06.2024) околу 12 часот претседателот на Уставниот суд Д.К. во Секторот за компјутерски криминал при МВР пријави закани по животот и безбедноста на судија на Уставен суд упатени од С.И. преку социјална мрежа, стои во соопштението од МВР.

Оттаму дополнуваат дека МВР веднаш презема соодветни мерки и овој случај ќе биде расчистен во најбрз рок.

Дел од медиумите во меѓувреме објавија дека станува збор за поранешниот пратеник и лидер на партијата ПЦЕР, Самка Ибраимовски.ар/дма/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан