• сабота, 23 ноември 2024

Делегација од Град Скопје положи цвеќе пред Споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје

Делегација од Град Скопје положи цвеќе пред Споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје

Скопје, 26 јули 2024 (МИА) - Делегација на Град Скопје предводена од градоначалничката Данела Арсовска денеска положи цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, на гробиштата во Бутел.

Скопјани, како што информира Град Скопје, секогаш со тага се сеќаваат на овој немил настан, но и на меѓународната хуманост и солидарност на сите кои помогнаа и учествуваа во повторната изградба на градот.

Градските власти информираат дека во рамки на одбележувањето на 61 година од катастрофалниот земјотрес ќе се одржи првиот интернационален традиционален поетски фестивал „Заедно за Скопје“, на кој учествуваат 130 поети од 40 држави.

Во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена изложбата „Културните институции во Скопје по земјотресот во 1963 година“. мд/дма

Фото: Град Скопје 

 

Остани поврзан