МВР Билтен
- Денеска (07.10.2024) во 00.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(20) затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Скопје, 7 октомври 2024 (МИА) - Денеска (07.10.2024) во 00.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(20) затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, соопштија од МВР, ќе следува соодветен поднесок.
На 06.10.2024 во 23.15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Н.(29) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.10.2024 во 23.20 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Д.Т.(18), Д.В.(26) и М.П.(25), сите од Велес, затоа што при преглед во патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки, управувано од Д.Т., во кое се превезувале и другите две лица, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 06.10.2024 во 21.15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Љ.(18) и еден малолетник, двајцата од Скопје, затоа што во нивна близина била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 06.10.2024 во 20.15 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(18) од с.Ново село, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
МВР соопшти дека на 06.10.2024 во 21.45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле И.Д.(47) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.10.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Б.Д.(48) од Скопје пријавил дека околу 13.45 часот на таван од куќа во с.Ново Село, скопско, пронашол рачна бомба, која ја донел и предал во станицата за понатамошна постапка.
На 06.10.2024 во 22.00 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода Ј.М.(36) од Република Турција затоа што при гранична проверка било констатирано дека на увид приложил фалсификувана зелена карта за возилото кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
На 06.10.2024 во 14.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„534“ во село Марино, скопско, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ш.(20) удрило во пешакот П.Н.(54), двајцата од населба Илинден, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 06.10.2024 во 16.15 часот во Полициската станица Центар, С.П.(37) од Скопје пријавил дека на ул.„Железничка“ во Скопје неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 06.10.2024 во 07.50 часот во Полициската станица Центар, З.Б.(52) од Скопје пријавил дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник. цр/
Фото: МИА архива