МВР Билтен
- На 22.09.2024 во 20.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.А.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана и грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Скопје, 23 септември 2024 (МИА) - На 22.09.2024 во 13.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Т. од Република Словенија затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
МВР денеска соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.09.2024 во 20.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.А.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана и грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.09.2024 во 15.45 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Н.(34) од Сојузна Република Германија, со престој во Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.09.2024 во 00.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ќ.(32) од с.Сарај, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.09.2024 во 21.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.Ј.(33) од село Арачиново, скопско и М.С. (26) од село Гошинце, липковско, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
На 22.09.2024 околу 17.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со српски национални ознаки, управувано од Л.Т.(24) од Република Србија и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(30) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 22.09.2024 во 03.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека во с.Муртино, струмичко, патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(21) од с.Муртино, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
На 22.09.2024 во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 12.00 часот на автопатот Скопје - Велес, на клучка Идризово, патничко возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.И.(56) од Тетово, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ѓ.И. а со телесни повреди сопатничката Р.К.(37) од Градско, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 22.09.2024 во 23.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Васко Карангелески“ во Прилеп, патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Г.(20) од Прилеп, удрило во оградата од касарната „Мирче Ацев“. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Прилеп, а со телесни повреди се здобиле возачот и двајца други малолетни сопатници од Прилеп, констатирани во болницата во Прилеп, сите од Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
На 22.09.2024 во 12.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Радовиш - село Ињево, радовишко, трактор „имт 539“ со радовишки регистарски ознаки, управуван од В.Т.(71) од село Ињево, излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Радовиш.
На 22.09.2024 во 03.30 часот на крстосницата од улиците „Борис Трајковски“ и „Кумановска“ во Велес, М.М.(33) од Велес, управувајќи мопед со велешки регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во болницата во Велес. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Велес.
На 22.09.2024 во 11.00 часот во Полициска станица Центар, Р.С.(53) од Скопје пријавила дека во Дебар Маало во Скопје била касната од куче скитник.
На 22.09.2024 во 22.45 часот во Полициска станица Аеродром, Б.Т.(20) од Сопиште, скопско, пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје бил каснат од куче скитник. цр/
Фото: МИА архива