МВР Билтен (ДПЛ)
- На 24.03.2025 во 18:40 часот во Виница од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница и Полициската станица Виница е лишен од слобода Д.Ѓ. (28) од с. Јакимово, виничко.

Скопје, 25 март 2025 (МИА) - На 24.03.2025 во 18:40 часот во Виница од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница и Полициската станица Виница е лишен од слобода Д.Ѓ. (28) од с. Јакимово, виничко. При претрес врз Д.Ѓ., кој бил со возило голф со винички регистерски ознаки на ул.„Браќа Миладинови“ во Виница, пронајдени се зелена растителна материја, метална дробилка, хартија за рачна изработка на цигари. Потоа, по наредба на Основен суд Виница извршен е претрес во домот и просториите што ги користи Д.Ѓ. во с.Јакимово. При претресот пронајдена е зелена растителна материја, дробилка, три стаклени тегли со остатоци од зелена растителна материја и воздушна пушка. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
По преземени мерки и активности и по претходно добиени сознанија, на 24.03.2025 околу 19:30 часот во објект во с.Студеничани, скопско, сопственост на М.Ш.(50) од с.Студеничани, полициски службеници пронашле шест лица мигранти, кои со употреба на сила и закани биле држани во објектот. Во врска со настанот, а поради сомнение дека сториле кривично дело по член 418б од Кривичниот законик, од слобода бил лишен сопственикот и Ќ.Ш.(25), У.Ш.(26) и А.Ш.(59), тројцата од с.Студеничани, како и Б.Б.(28), А.Б.(55) и А.Б.(32), сите од Скопје. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Ѓ.(39) од Битола и А.Д.(37) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 19.03.2025, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „хјундаи“, при што првопријавениот се обидел да избега и притоа фрлил кеса со кокаин и метамфетамин, но набргу е фатен и лишен од слобода. Потоа, извршен е претрес во домот на второпријавената, која го користи со првопријавениот, при што биле пронајдени и одземени пневматски пиштол, дигитална вага и пари во различни валути и апоени.
На 24.03.2025 во 05:00 часот во село Нова маала, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Џ.А.(24) од село Нова маала. Тој бил осуден на затворска казна во траење од една години и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори “ по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница поради бегство од Казнено - поправната установа Затвор Струмица. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на една година и три месеци од казната.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.В.(31) и А.С.(35), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудије при тепачка или караница“. На 10.12.2024, првопријавениот, по кратка расправија со второпријавениот, се обидел со остар предмет да го нападне, додека второпријавениот му возвратил со метален предмет.
На 24.03.2025 во 11:30 часот, на регионален пат Куманово - село Никуштак, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.А.(21) од село Никуштак, општина Липково. При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко моторно возило „фолксваген голф“ со брзина од 108 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.Х.(38) од Тетово, Ј.Т. (43) и правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, и против Д.Б.(46) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во служба“. На 23.07.2024, првопријавениот злоупотребил лични податоци на едно лице при подигнување на добивка од игри на среќа во подружницата на третопријавениот, приложувајќи му ја на второпријавениот личната карта од лицето, на чие име подигнал парични средства во своја корист. Второпријавениот, во својство на вработен како оператор во третопријавеното правно лице, без присуство на оштетената и без нејзина согласност, ги внел во системот нејзините податоци како таа да остварила добивка од игра на среќа. Четвртопријавениот, во својство на управител на третопријавеното правно лице, со пропуштање на должен надзор и со несовесно постапување во вршење на своите овластувања, му овозможил на второпријавениот да го стори кривичното дело. Со наведените кривични дела, на оштетената и се ускратило правото на користење на социјална помош поради приливот на нејзината сметка по однос добивката од игри на среќа.
Денеска во 03:45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода У.С.(24) од с.Кондово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 24.03.2025 во 18:05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци - Дреново, патничко возило „фиат стило“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(54) од село Возарци, кавадаречко, излетало од патот. Повредени лица нема, а увид извршила екипа од ОВР Кавадарци при што било констатирано дека Б.И. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,60 промили алкохол во крвта. Тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена пријава по член 297а – „безобѕирно управување со моторно возило“ од Кривичниот законик.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.Ј.(71) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Пријавениот, во својство на инвеститор, на катастарска парцела во Тетово, узурпирал недвижен имот и извршил реконструкција и надоградба на објект-станбена зграда, каде дел од бетонската плоча од приземјето се наоѓа на туѓа парцела, со што не се придржувал кон основниот проект за реконструкција со надградба.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Б.(54) од с.Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Во близина на локален пат Еребино-с.Сиричино, пријавениот узурпирал дел од катастарска парцела во државна сопственост на тој начин што ја оградил со бетонски столбови.
На 24.03.2025 во 16:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода малолетник од Куманово поради сомнение дека од приватен имот на улица „6 Април“ во Куманово одзел повеќе предмети. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.К.(68) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем’’. На 04.02.2025, за време на емитување во живо на емисија на национална телевизија, пријавениот на фан страната на телевизијата на социјална мрежа објавувал коментари со кои промовирал омраза.
Денеска во 04:10 часот на клучка Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност извршија контрола во автобус „сетра“ со турски национални ознаки, управуван од Д.М.(51) од Република Турција. При контролата, во автобусот пронајдени се два куфери во кои имало повеќе парчиња брендирана текстилна и друга стока без соодветна документација. Д.М. е лишен од слобода, стоката е одземена и за настанот е запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.03.2025 во 17:05 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Т.Ј.(60) од Штип. Тој се сомничи дека на работното место болничар во Клиничка болница Штип допирал по телото малолетничка од Радовиш, која била на пракса во болницата. Тој е задржан во полициска станица и за настанот е запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.03.2025 во 02:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Арачиново, скопско, била опожарена куќа сопственост на Б.К.. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.03.2025 на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(37) од Велес. Притоа, кај сопатникот А.К.(46) од Велес бил пронајден и одземен пиштол. Лицата биле задржани во СВР Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 25.03.2025 во 00:00 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Ѓавато-Тополчани, патничко возило „мазда“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(18) од Битола, излетало од патот. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила Е.М., констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.
На 23.03.2025 во 10:30 часот во СВР Скопје, 53-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 00:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, по кратка расправија, бил физички нападнат од неговиот брат Ќ.Ф.(54) кој употребил и остар предмет и кој оштетил дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 24.03.2025 околу 10:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, патничко возило „шкода“ удрило во малолетник од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото. Во несреќата, пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 24.03.2025 во 18:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје, патничко возило удрило во Б.М.(56) од с.Студеничани, скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 24.03.2025 во 23:00 часот во СВР Скопје, Б.В.(47) од Скопје пријавил дека околу 22:00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од три машки лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот
На 24.03.2025 во 09:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во магацин на приватна фирма на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.М.(52) од Република Србија и Ш.М.(29) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 24.03.2025 во 16:30 часот во СВР Скопје, 46-годишна жена од Скопје пријавила дека подолг период била следена и вознемирувана од нејзиниот сопруг Б.С.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 24.03.2025 во 21:30 часот во Полициската станица Бит Пазар, А.И.(41) од Скопје пријавил дека го пронашол неговиот штитеник Н.Ј.(13), за кој на 17.03 2025 беше пријавено дека се оддалечил од домот.
На 24.03.2025 во 19:00 часот во Полициската станица Гази Баба, од Јавната установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечила нивната штитеничка Ч.Д.(13), која и претходно се оддалечувала и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. фф/
Фото: МИА Архива