МВР Билтен (ДПЛ)
- Полициски службеници од СВР Скопје денеска (12.01.2025) во 00.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, го привеле Н.Д.(18) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Скопје, 12 јануари 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје денеска (12.01.2025) во 00.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, го привеле Н.Д.(18) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
С.С.(50) од с.Трубарево, Скопско, денеска (12.01.2025) во 2.00 часот во СВР Скопје пријавила дека околу 00.00 часот во угостителски објект во селото, била физички нападната од Г.„Н“ од с.Јурумлери, Скопско.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.01.2025 во 14.40 часот во СВР Скопје, Ј.Д.(72) од Скопје пријавила дека околу 14.30 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со физичка сила и ја одзело чантата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.01.2025 во 07.40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле С.Р.(14), која на 10.01.2025 била пријавена од нејзиниот старател Т.М.М. дека се оддалечила од домот.
На 11.01.2025 во 17.45 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во населбата Усје настанал пожар на оџак од куќа, сопственост на А.М.(34).
Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Повредени лица нема.
На 11.01.2025 во 10.00 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор-Скопје било пријавено дека во кругот на установата била пронајдена марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.01.2025 во 20.58 часот во СВР Штип, било пријавено дека околу 20.50 часот во спортска обложувалница во населбата Баби во Штип, С.М.(33) бил физички нападнат од М.А.(40), двајцата од Штип.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.01.2025 во 01.30 часот во Полициската станица Гевгелија биле задржани О.Б.М.(19) и Е.С.Џ.(22), двајцата од Република Турција.
На Граничниот премин Богородица, на излез од државата, при извршена контрола било констатирано дека тие го пречекориле дозволениот престој во државата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.01.2025 во 19.20 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, во близина на Неготино, било забележано патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое се упатило кон Демир Капија, а потоа од него излегле мигранти.
Од страна на полициските службеници биле затекнати четири лица-мигранти, од кои три од Непал и едно од Индија, а возачот се дал во бегство. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот. хс/
Фото: МИА архива