• петок, 21 февруари 2025

МВР Билтен 

МВР Билтен 

Скопје, 20 февруари 2025 (МИА) - На 19.02.2025 во 14.20 часот на ул.„Трајко Николоски” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода О.Т.(32) од Прилеп, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Прилеп за издржување на казна затвор од една година и шест месеци.

Тој бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Прилеп за издржување на назната.

На 19.02.2025 во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.И.(28) затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.02.2025 во 11.40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17 - годишник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.02.2025 на улица „Димитар Влахов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Б(27) од Лозово.

При преглед кај него и во возилото кое го управувал, кај него била пронајдена зелена тревкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.02.2025 во 18.40 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.02.2025 во 14.50 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.И.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.02.2025 во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Основен кривичен суд Скопје, при преглед за влез, во ранецот на М.К.(20) од Скопје, службеник во судска полиција пронашол и одзел два ножеви и еден сатар.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.  

На 19.02.2025 во 10.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, В.П. пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 19.02.2025 во 09.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Ѓ.Ј.(62) од Скопје пријавил дека на ул.„Финска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 19.02.2025 во СВР Велес, M.С. (43) од Велес пријавила дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче. сст/

фото МИА архива

 


 

Остани поврзан