• петок, 21 февруари 2025

Кривична пријава за наставник од селото Новак за малтретирање ученик

Кривична пријава за наставник од селото Новак за малтретирање ученик

Дебар, 20 февруари 2025 (МИА) – Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против наставник во подрачното училиште во село Новак, кое функционира во рамки на основното општинско училиштето „Неџати Зекерија“ во село Коџаџик, општина Центар Жупа.

-Кривична пријава е поднесена против И.У.(37) од селото Новак, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Малтретирање во вршење на службата“, вработен како наставник во училиште во општината. На 13.02.2025  пријавениот физички нападнал малолетен ученик во училиштето, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид. 

Ова не е прв ваков случај, претходно пријави заработија наставник од училиштето во село Броштица и од училиштето во Џепиште.

Димоски исто така информираше дека поднесена е кривична пријава против А.Х.(56) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобзирно управување моторно возило“.

Според него при контрола на патниот сообраќај, извршена на 10 месецов, кај месноста „Сушара“ кај Дебар, на патот Дебар-Струга,  полициските службеници утврдиле дека тој управувал патничко возило „бмв“ со брзина од 56 километри на час повеќе од дозволеното, при што постапил спротивно на член 35 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патишатата. вт/сст/

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан