• сабота, 23 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен
Скопје, 26 април 2022 (МИА) - Полициски службеници на СВР Тетово на 26.04.2022 во 02:20 часот на регионалниот пат во тетовско Горно Палчиште, го лишиле од слобода 27- годишниот Б.Е. од тетовско Жеровјане затоа што при негов и преглед на патничко моторно возило „фолксваген голф“, што тој го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. Б.Е. бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци.На 25.04.2022 околу 17:30 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Tетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот тетовец Б.Т. затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува поднесок.Вчера околу 21:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на улица „Браќа Реџепагиќ“ две лица пукале со автоматско оружје. Од пукањето со тешки повреди се здобил Ј.И.(47) од Скопје и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што околу 22:20 часот починал. Исто така, со повреди се здобиле М.А.(43) и Л.Ш.(42) од Скопје, кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Додека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди-исекотини на раката бил донесен А.И.(30) од Скопје. Увид на местото извршиле полициски екипи и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.  На 26.04.2022 во 01:20 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода П.Т.(42) од село Бучим, крушевско, затоа што при проверка било констатирано дека е евидентиран во службена евиденција со мерка „апси“ издадена од Интерпол. Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.Вчера во периодот од 14 до 20 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 57 прекршоци, од кои 19 на подрачје на Струмица, 17 на подрачје на Радовиш, 11 во Валандово и 10 на подрачје на Гевгелија. 29 возачи ја пречекориле брзината на движење надвор од населено место, а 28 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.На 25.04.2022 во 17:45 часот во ОВР Крушево било пријавено дека на локален пат во Крушево четирицикл, управуван од Е.К. (20) од Скопје, излетал од коловозот. Во несреќата малолетен совозач од Скопје се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градска болница Прилеп. Увид на местото извршила екипа од ОВР Крушево.На 25.04.2022 во 17.40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на делницата од село Смолари до крстосница со магистрален пат А4, мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Т.Г.(64) од село Стиник, струмичко, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Г., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.На 25.04.2022 во 18:15 часот во СВР Струмица било пријавено дека во село Габрово, струмичко, трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки, управуван од Б.В.(54) од село Габрово, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.В., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.На 25.04.2022 околу 12 часот во атарот на село Кореница, општина Кривогаштани, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Г.Б.(54) од Република Албанија, со престој во село Долнение, затоа што во селото физички и со дрвен предмет ги нападнал Љ.Ј.(39) и В.Г.(33), двете од Албанија, а со живеалиште во село Кореница. По целосно комплетирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 25.04.2022 во 20:45 часот во Полициска станица – Карпош, Н.Д. (69) од Скопје пријавил дека на улица „Трнодол“, малолетник од Скопје бил каснат од куче скитник. свс/дма/

Остани поврзан