• вторник, 24 декември 2024

Пандов: Еден осуденик државата ја чини над 10 илјади евра годишно, крајна цел е намалување на затворската популација 

Пандов: Еден осуденик државата ја чини над 10 илјади евра годишно, крајна цел е намалување на затворската популација 

Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - Еден затвореник државата ја чини околу 2 100 денари на ден или над 10 илјади евра годишно, во зависност од затвор до затвор. Моментално во државата има 2 400 затвореници и уште толку чекаат да влезат во затворите, изјави директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов. 

Намалувањето на затворската популација, посочи Пандов, може да се направи на три начини - преку условен отпус, електронски надзор и подобра ресоцијализација на осудениците, затоа што 60 проценти се повратници. 

- За жал, Македонија досега требаше да има комплетен нов и супер современ затвор  затвор во Идризово, но освен фаза еден не е направено ништо. За жал, изградена е само првата фаза на затворот Идризово и тоа во време на минатото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, до 2023 година требало и втората фаза да биде завршена. Не е. Не е направено ништо по тоа прашање, пари има. Тој заем е направен уште во 2010-2011 година, меѓутоа за жал парите коишто се сега обезбедени ни се под мораториум затоа што од главната крунска организација која што прави контрола на затворите ЦИПИТИ односно Организацијата за превенција и борба против тортура, еве следната недела треба од 7 до 10-ти да присуствува да направи повторно контрола на македонските затвори и јас се надевам искрено дека во овие три минати месеци колку што не само јас туку и новите директори на македонските затвори успеавме да ги подобриме колку толку работите дека ќе бидат одмрзнати тие средства и веќе следната година со Господ напред дека ќе започне втората фаза, а со самото тоа ќе се отворат, изјави Пандов. 

Околу 400 лица моментално имаат А-третман и тие, според Пандов, веќе користат отсуство и работен ангажман. 

-Точната статистика во моментов ја немам, меѓутоа ги има голем број да речеме, ако гледаме третмански во затворите во моментов има околу 400 затвореници кои се со А третман, што ќе рече одреден дел од нив над стотина излегуваат секојдневно по 7 или 8 часа од сабајле зависи каков им е работниот договор до 16 до 17 часот попладне. Ако тие веќе така можат да излегуваат и да ги повторуваат своите кривични дела зошто не направиме да тие луѓе едноставно ги „ослободиме“ – имаат условен прекин на нивната казна...Секако кога би се изрекувале условни прекини, кога би се изрекувале и тоа ќе зборуваме околу алките оние коишто веќе 10 години се чекаа да бидат ставени во функција, јас сум оптимист дека ако не до крајот на годината, на самиот почеток на следната година ќе бидат ставени во функција, да бидат изрекувани такви казни и тие луѓе во домашни услови да си ги одлежат нивните казни, изјави Пандов.

Паднов, меѓудругото, посочи дека ќе имаме и целосно ново притворско одделение за 400 лица во Идризово. 

-Ние ќе имаме супер нов притвор во самиот затвор Идризово, и главен – централен притвор во Македонија би бил во Идризово со над 400 кревети капацитет и би имале современ затворен дел кај што се најтешките казни каде што лежат затворениците над 10-15 години, односно и доживотно, имаме ние 50 доживотни казни во Македонија и се надевам дека до крајот на мандатот на ВМРО-ДПМНЕ дека Идризово ќе биде веќе тоа се изградено и дека ќе биде сето тоа ставено во функција, изјави Пандов.

Во земјава моментално околу 50 лица издржуваат доживотни казни. аа/бак/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан