• петок, 04 октомври 2024

Малолетник загина, а едно лице е повредено во сообраќајка синоќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Малолетник загина, а едно лице е повредено во сообраќајка синоќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Куманово, 4 октомври 2024 (МИА) - Малолетник загина, а едно лице се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случи вчера на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во населбата Карпош, соопшти денеска СВР Куманово.  

Во сообраќајката учествувало возило „бмв" со албански национални ознаки и мотоцикл ,,јамаха".

- Вчера околу 21.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален  пат Куманово - Крива Паланка, во населба Карпош – Куманово, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од И.Б.(37) од Скопје и мотоцикл  „јамаха“ управувано од малолетник од Куманово. Во незгодата, од здобиените повреди на местото починал 15 – годишен сопатник на мотоциклот од Куманово, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, 16 – годишниот возач на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово, информираше полицијата.

Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, возачот на патничкото возилот бил лишен од слобода, а возилото и мотоциклот биле предадени на вонреден технички преглед. ам/цр

Фото: МИА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан