• недела, 19 јануари 2025

МВР-билтен (ДПЛ)

МВР-билтен (ДПЛ)

Скопје, 18 јануари 2025 (МИА) - На 17.01.2025 полициски службеници од СВР Битола по преземени мерки и врз основа на Наредба од Основен суд Битола извршиле претрес во домот и помошните простории на лицето Н.Т.(72)од Струга, со привремен престој во Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело - „разбојништво“ по член 237 од КЗ на РСМ. Лицето Н.Т. на 15.01.2025 година извршил разбојништво во канцеларија за кредитирање лоцирана на улицата „Прилепска “ во Битола, кадешто истиот со закана со огнено оружје се обидел да одземе пари од вработената, притоа и физички напаѓајќи ја со метален предмет. Од страна на полициските службеници Н.Т.е приведен во полициска станица Битола, при што по целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава.

На 17.01.2025 година во 21.00 часот во Полициската станица Кочани, 30-годишна жена од Кочани пријавила дека истиот ден околу 19.00 часот во семејниот дом била физички нападната од лицата С.С. и Л.С. при што и биле нанесени телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.01.2025 година во 17.40 часот полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 50 годишен жител на струмичко село кој околу 16.00 часот во неговиот семеен дом физички ги нападнал неговите родители, нанесувајќи им телесни повреди. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.01.2025 година во 11.30 часот во село Камењане, Тетовско, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на претходна Судска наредба извршиле претрес во дом и помошни простории кај лицата С.С.(58) и Ш.С. (23) од село Камењане, а во врска со сторено кривично дело – „повреда на авторско право и сродни права“ казниво по член 157 и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ казниво по член 396 од КЗ на РСМ. При претресот били пронајдени и одземени, еден компјутер и еден гасен пиштол. С.С. и Ш.С. биле лишени од слобода и задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

На 17.01.2025 година во 14.50 часот, на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода С.Г.(35) и и Ј.Т.(36), двајцата од охридското село Велгошти. При преглед во патничко моторно возило „Ауди“ со кое се превезувале лицата, полициските службеници кај С.Г. пронашле и одзеле четири најлонски кесички со непозната бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (18.01.) во 02.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Иван Козаров“ во Скопје од страна на непознати лица со тврд предмет било оштетено изложно стакло и влезна врата на партиски штаб на политичка партија. Извршен бил увид од увидна екипа. Се преземеаат мерки за расчистување на слуачјот.

На 17.01.2025 година во 16.45 часот во СВР Скопје, Р.Х.(25) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 11.00 часот на објект во изградба, на подрачјето на Карпош,  додека бил на своето работно место, откако претходно добил вербални телефонски закани, бил физички нападнат од лицата Н.Р и Е.Р, пришто едно од нив употребило и метален предмет. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.  

На 17.01.2025 година во 18.30 часот во СВР Скопје, Р.С.(76) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 14.00 часот примила телефонски повик од едно женско лице и едно машко лице, коишто и кажале дека нејзината ќерќа предизивикала сообраќајна несреќа - прегазила дете, и за да не оди во затвор, требала да им даде пари на истите. Пријавителката, по претходен договор со сторителите, на подрачјето на Драчево им предала 130.000 денари, но набргу сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 17.01.2025 година во 13.07 часот во Полициската станица Карпош од Јавната установа за згрижување деца било пријавено дека нивниот штитеник Х.С. (15) од Куманово  за кого на 15.01.2025 година беше пријавено дека се оддалечил, се вратил во установата.

На 17.01.2025 година во 09.05 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје било пријавено дека кај нив бил донесен Ѓ.М., кој се здобил со  тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи во кругот на правен субјект на подрачјето на Драчево. За настанот бил известен трудов инспектор. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 17.01.2025 година во 11.45 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје било пријавено дека кај нив била донесена С.К.(62) од Скопје која истиот ден околу 07.45 часот се здобила со тешки телесни повреди пред влезот на своето работно место на подрачјето на Центар. За настанот бил известен трудов инспектор. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан