• петок, 26 јули 2024

Мароко: Бројот на загинати во земјотресот се искачи на 2.901, 5.530 повредени

Мароко: Бројот на загинати во земјотресот се искачи на 2.901, 5.530 повредени

Рабат, 12 септември 2023 (МИА) - Бројот на загинати во земјотресот што го погоди Мароко минатата недела се искачи на 2.901, додека бројот на повредени е повеќе од двојно зголемен на 5.530, јави денеска мароканската државна телевизија.

Голем број преживеани се наоѓаат во импровизирани засолништа откако поминале четири ноќи на отворено.

Спасувачите од Шпанија, Велика Британија и Катар им помагаат на мароканските спасувачки тимови, додека Италија, Белгија, Франција и Германија изјавија дека нивните понуди за помош допрва треба да бидат одобрени. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан