Македонските фудбалерки до 17 без освоен бод го завршија настапот на турнирот во Полска
- Младата македонска фудбалска женска репрезентација со три порази го заврши настапот на квалификацискиот турнир одржан во периодот од 13 до 19 март во Полска.
Варшава, 20 март 2024 (МИА) - Младата македонска фудбалска женска репрезентација со три порази го заврши настапот на квалификацискиот турнир одржан во периодот од 13 до 19 март во Полска.
Македонките беа во групата 7 во рамките на А лигата (втора рунда) од квалификациите и за противници ги имаа Полска (домаќин), Данска и Шкотска.
Во првото коло македонската репрезентација загуби од домашната селекција со 9:0, потоа следуваше пораз од Данска со 3:0, а во последното коло од Шкотска со 7:0.
Првото место го освои домаќинот и фаворитот во групата Полска со три победи и девет освоени поени. На второто место се најде селекцијата на Шкотска со две победи, пораз и шест освоени бодови. Трета заврши Данска со три освоени бодови.
Во следниот квалификациски циклус, македонските фудбалерки до 17 години ќе играта во Лига Б. зс/
Фото: ФФМ