Руне последен четвртфиналист на турнирот во Токио
- Данскиот тенисер Холгер Руне избори место во четвртфиналето на турнирот во Токио, Јапонија.

Токио, 28 септември 2024 (МИА) - Данскиот тенисер Холгер Руне избори место во четвртфиналето на турнирот во Токио, Јапонија.
Во денешниот натпревар од второто коло, 21-годишниот Руне (13 на АТП листата) го совлада јапонскиот тенисер Ешихито Нишиоку (59-ти) со резултат од 6:2 и 6:4. Натпреварот траеше 1 час и 8 минути.
За влегување во полуфиналето на турнирот, Руне ќе игра против уште еден Јапонец, Кеи Нисикори.
Наградниот фонд на турнирот во Токио изнесува 1,8 милиони долари. зс/
Фото: ЕПА