Македонска Каменица ги одбра најдобрите: Бојан Трајковски ја доби наградата за животни достигнувања
- Баскет Кам е најуспешен женски спортски колектив, индивидуални награди и за претседателот Јордан Цветановски и Ивана Кметовска, но и Моника Зафировска...
Македонска Каменица, 27 јануари 2025 (МИА) - Баскет Кам е најуспешен женски спортски колектив, индивидуални награди и за претседателот Јордан Цветановски и Ивана Кметовска, но и Моника Зафировска...
Овој викенд, Домот на Културата“ во Македонска Каменица, како никогаш во изминатиот период, не бил исполнет, буквално до последното место.
А поводот, многу голем, спортски, премиерен избор на најдобрите во спортот во Македонска Каменица за 2024 година.
Еден навистина убав настан кој се одржа во организација на Здружението на граѓани „Багери“, а истиот е помогнат од Општина Македонска Каменица, односно градоначалникот Димчо Атанасовски кој ги додели поголем дел од признанијата, и заедни си повеќе локални општествено одговорни претпријатија и поединци се силни поддржувачи на спортот во овој рударски град.
Долга е низата на спортистите кои потекнуваат од ова мало место на Истокот од нашата македонија, ист толкав број на признанија добија оние кои ја одбележаа минатата календарска година.
Сепак, за потенцирање е дека онаа, условно кажано, главна награда ја доби вистинскиот спортски амбасадор на Македонска Каменица, Бојан Трајковски.
Долгогодишниот макеоднски репрезентативец, член на голем број на прволигашки клубови, како и странски, освен зборови на благодарност, изрази жалење што оваа награда ја добива како сега веќе “неактивен“, но им порача на младите од овој град да продолжат да мечтаат, и да ги сонуваат своите соништа, да бидат уште подобри во годините кои што следуваат.
А дека кошарката има и тоа како висок, голем импакт во кожаркаркиот живот на Макеоднска Каменица, зборуваат и други „податоци“, односно награди.
Очекувано, ЖКК Баскет Кам е избрана за најдобра женска екипа за 2024 година, а претседателот на тројниот освојувач на шампионските трофеи, Јордан Цветановски, за спортски работник во годината која е зад нас.
Посебна награда доби и актуелната македонска репрезентативка, Ивана Кметовска – за успешно натпреварување и врвни достигнувања во спортски клуб од Македонска Каменица.
Стефани Јанева е спортист на годината во категорија до 14 години, а признание доби и кошаркарката на скопски Вардар, Моника Зафировска – за успешно натпреварување во националните првенства и спортска промоција на Македонска Каменица.
Честитки до сите, со желби за продложување на успесите и спортската промоција на Македонска Каменица! дс
Фото: МИА