• сабота, 23 ноември 2024

Македонска Каменица воведува двосменско работење на општинската администрација

Македонска Каменица воведува двосменско работење на општинската администрација
Македонска Каменица, 2 ноември 2020 (МИА) - Општина Македонска Каменица воведува двосменско работење на општинската администрација. Промената на работното време како што истакнаа надлежните ќе започне да важи од утре, 3 ноември 2020 година. -Ги известуваме граѓаните дека општинската администрација воведува двосменско работење согласно со насоките и препораките во врска со потребата за преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста Ковид-19. Работното време од вторник, 03 ноември, ќе се организира во групи на неделна основа и ќе започнува од 07:30 часот-11:30 часот (прва група) и 12.30 часот–15.30 часот (втора група) без користење на дневна пауза, информираа надлежните. Од општина Македонска Каменица ги потсетуваат граѓаните дека своите барања можат да ги доставуваат електронски или по писмен пат во Општинскиот центар за услуги. -Доколку имаат потреба од лична комуникација со одредени служби, да ги почитуваат законските уредби и препораките за заштита од болеста ковид-19, односно граѓаните задолжително да носат маски за заштита на лицето и да држат растојание, додадоа надлежните. Во Македонска Каменица во моментот бројот на заболени од Ковид-19 е двоцифрен, што според надлежните е дополнителна причините за промена на работното време во насока на спречување на ширење на заразата. вс/аа/

Остани поврзан