• недела, 22 декември 2024

Лимани: Барањето од опозицијата за нашето излегување од Владата не знам дали ќе биде реалност и по четири години

Лимани: Барањето од опозицијата за нашето излегување од Владата не знам дали ќе биде реалност и по четири години

Скопје, 5 октомври 2024 (МИА) - И денеска да се донесе одлука за излегување од Влада, ние до крај на работниот час треба да работиме за граѓаните, без разлика дали сме во Влада или не. Мислам дека ова е барање од опозицијата, кое и по четири години не знам дали ќе биде реалност, рече денеска министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, одговорајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за сработеното во првите 100 дена.

Во врска со градинките, тој изрази надеж дека до крајот на годината ќе има вработувања на негувателки зашто привршуваат измените на Законот за детска заштита, што ќе овозможи добивање лиценци.

-Законот е при крај, по еден месец ќе се направат првите комисии. Мислам дека по два месеца ќе почнат новите вработувања, дека до крајот на оваа година ќе постигнеме, иако ова е процедура која треба да оди на Влада, па во Парламент и потоа пак се враќа во Министерството. Сакаме да ја завршиме поскоро зашто градинките имаат голема потреба за нови вработувања, истакна Лимани.

Голем број од градинките врз кои веќе се вршат градежни зафати, додаде, ќе се отворат до крајот на годината.

-Се надеваме дека и општините ќе соработуваат зашто процесот не зависи само од Владата, рече министерот.

За малите групни домови, информира дека се направени комисии.

-Сите ги знаеме реалните состојби. Тие деца се наши и ќе треба да отвориме очи како се однесуваме, и ние и тие што вршат услуги, потенцира министерот. мч/сст/

 фото: МИА

 

Остани поврзан