• сабота, 23 ноември 2024

Ливерпул влегува во тешка серија на натпревари, Слот порача да се прават оценки за тимот по неа

Ливерпул влегува во тешка серија на натпревари, Слот порача да се прават оценки за тимот по неа

Ливерпул, 18 октомври 2024 (МИА) - Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, го најави неделниот дуел со Челси како најтешкиот натпревар за неговата екипа во сезоната. 

Со него „црвените“ влегуваат во исклучително тешка серија на средби, а дури по неа може да се направи вистинска проценка за нивото на „црвените“, смета Холанѓанецот. 

До следната репрезентативна пауза во ноември, Ливерпул има натпревари против Челси, РБ Лајпциг, Арсенал, Брајтон (двапати), Баер Леверкузен и Астон Вила.

-Доколку еден тим е оценуван според нивниот настап за само една недела, тоа нема да биде фер. Нашиот учинок треба да го процените по овој период, по седум-осум натпревари. Тогаш ќе знаеме подобро како настапуваме. Нормално е да има тешки натпревари во Лигата на шампионите и Премиер лигата. Единствените кои во последните две сезони покажаа дека можат да се справат добро и во Премиер лигата и во Лигата на шампионите се Манчестер Сити и Арсенал. За четири недели најдобро ќе процените како работиме, рече Слот за време на денешната прес-конференција. дс

Фото: Архива

Остани поврзан