• петок, 18 октомври 2024

Лефков: СДС и ДУИ свесно ја заглавиле Македонија на патот кон ЕУ

Лефков: СДС и ДУИ свесно ја заглавиле Македонија на патот кон ЕУ

Скопје, 17 октомври 2024 

Почитувани,

СДС и ДУИ првин ја заглавија Македонија на патот кон ЕУ,  а сега глумат големи душегрижници.

СДС и ДУИ се проблемот, и тие во никој случај не можат да најдат, ниту дадат решение за истиот.

Лошите политики на СДС и ДУИ изминатиов период пропратени со криминал и корупција ја забетонираа државата на дното, за да останат ден повеќе на власт лажеа со месеци и ветуваа работи кои не зависат од нив, ниту пак можеле да ги реализираат.

И СДС и ДУИ свесно ја заглавиле Македонија, за да можат да крадат.

Излегоа на површина сите нивни сценарија, од заробеното судство и обвинителство, преку криминалните тендери, се само со цел лично богатење на поединци. И сега кога се целосно демаскирани се обидоа на база на манипулации да креираат дестабилизација, што нема да успее.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од таа на СДС и ДУИ работи одговорно и посветено во насока на раст и развој и членство на земјата во ЕУ. Неспособноста заврши со СДС и ДУИ.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

 

Остани поврзан