• вторник, 24 декември 2024

Левица: Инспектор утврди незаконско градење во струшката чаршија

Левица: Инспектор утврди незаконско градење во струшката чаршија

7 ноември 2024 

По барање за вонреден инспекциски надзор, поднесен од пратеничката на Левица, Јована Мојсоска, овластен градежен инспектор констатира дека објект во самиот центар на градот, во старата струшка чаршија, се гради незаконски и спротивно на Законот за градење. Инспекторот издаде Решение за стопирање на градбата и издаден е рок за усогласување од страна на инвеститорот.

Левица и претходно алармираше дека инвеститорот узурпира и земјиште во сопственост на државата, но од Државното правобранителство засега нема реакција - иако токму овој орган е надлежен да ги застапува и брани интересите на државата.

Левица апелира ОВР - Струга веднаш да иницира постапка за кривично дело Бесправно градење и ОЈО Струга да поднесе обвинителен акт. Ја известуваме јавноста дека Левица ќе продолжи да го следи овој случај, со цел истиот да не се заташка и повторно да никне уште една дивоградба во срцето на старата Струшка чаршија.

ПП Левица 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан