• сабота, 21 декември 2024

Левица: Во јадрото на чаршијата се гради незаконски без одобрение за градба

Левица: Во јадрото на чаршијата се гради незаконски без одобрение за градба

16 октомври 2024 

Во самото јадро на старата струшка чаршија, кај поранешниот клуб ,,Холивуд", интензивно се вршат градежни активности, без поставена информативна табла согласно Законот за градење!
Сомнежите се дека се Узурпира државен имот и дека инвеститорот воопшто нема одобрение за градба.

Старата струшка чаршија постојано е под напад на урбанистичката мафија и нејзиниот лик е целосно променет, додека надлежните инспекторати никаде ги нема на терен!

Ги повикуваме советниците во Советот на општина Струга од ВМРО ДПМНЕ О.К Струга и СДСМ Струга да реагираат за конкретниот објект и да побараат информација дали воопшто инвеститорот има одобрение за градба.

Левица ќе поднесе иницијатива за вонреден ИНСПЕКЦИСКИ надзор со цел да се констатира фактичката состојба на терен. Дополнително, ќе алармираме и до Државниот правобранител за сомнежите дека се узурпира државен имот во срцето на струшката чаршија.
Јавно прашуваме - дали и новата власт ќе го дозволи дивеењето на урбанистичката мафија?

ПП Левица

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан