• вторник, 24 декември 2024

„Лајка“: Пронајдено е кучето по кое сопственикот трагаше три недели

„Лајка“: Пронајдено е кучето по кое сопственикот трагаше три недели
Скопје, 17 септември 2021 (МИА) - Јавното претпријатие „Лајка“ соопшти дека е пронајдено кучето по кое сопственикот трагаше три недели. -Емоции, гушкање и љубов. Оваа работна недела ја заокружуваме со среќен крај во потрагата на златниот ретривер Лео. Да, овој убавец благодарение на тимот на ЈП Лајка и микрочипот си отиде дома кај својот сопственик. Сликите говорат повеќе од се, а љубовта од најдобриот пријател на човекот е безусловна, соопштија од „Лајка“. Оттаму посочуваат граѓаните да ги чипираат своите домашни миленици. Само така, доколку се изгубат ќе можат да бидат вратени кај вистинските сопственици. -Ние сме среќни што Лео е веќе во својот дом и не талка по улиците. Кај нас забележително тагуваше по својот сопственик, велат од „Лајка“.бт/дма/  

Остани поврзан