Обука за средношколци и професори за развој на зелени и претприемачки вештини
- Обуката претставува подготовка за натпреварот „Најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2025“, кој 17-та година по ред го организира Машинскиот факултет за средните училишта со кои се развива иновативниот начин на размислување кај младите, се стимулира тимското решавање на реални проблеми и изнаоѓање креативни решенија, со што се гради претприемачкиот начин на размислување кај средношколската популација.

Скопје, 22 февруари 2025 (МИА) – Ученици и професори од средни училишта денеска на Машинскиот факултет во Скопје, со почеток во 10 часот ќе учествуваат во еднодневна обука за развој на зелени и претприемачки вештини. На обуката учесниците ќе имаат можност да работат со искусни експерти и да развијат иновативни зелени бизнис концепти.
Обуката претставува подготовка за натпреварот „Најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2025“, кој 17-та година по ред го организира Машинскиот факултет за средните училишта со кој се развива иновативниот начин на размислување кај младите, се стимулира тимското решавање на реални проблеми и изнаоѓање креативни решенија, со што се гради претприемачкиот начин на размислување кај средношколската популација.
Таа е во организација на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Центарот за извонредност во зелени иновации, а поддржана од Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење, Македонија 2025, Халк банка и Министерството за економија и труд. Има за цел да ги поттикне младите да размислуваат креативно, да ги унапредат вештините во областа на зелените иновации и одржливото претприемништво и да стекнат знаења за креирање зелени бизнис концепти. ар/нд/
Фото: МИА архива