• понеделник, 22 јули 2024

Лазарини: Гладните луѓе во Појасот Газа запираат камиони на ОН , ја земаат храната и веднаш ја јадат

Лазарини: Гладните луѓе во Појасот Газа запираат камиони на ОН , ја земаат храната и веднаш ја јадат

Женева, 14 декември 2023 (МИА) - Генералниот комесар на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа со палестинските бегалци (УНРВА), Филипо Лазарини, денеска изјави дека гладните луѓе запираат камиони со хуманитарна помош во Појасот Газа и додаде дека е се потешко да се обезбеди помош за цивили поради турканиците пред засолништата.

-Луѓето запираат камиони со хуманитарна помош, ја земаат храната и веднаш ја јадат, изјави Лазарини за новинарите во Женева, пренесуваат британските медиуми.

Лазарини додаде дека во Газа има се повеќе гладни луѓе и дека хуманитарните работници на ОН сè почесто се среќаваат со луѓе кои „не јаделе еден, два или три дена“. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан