• недела, 01 септември 2024

КЦ Интерарт ја претстави Балканската танцова платформа „Moving Balkans“ - развојот на млади кадри и нивно вмрежување главен фокус на проектот

КЦ Интерарт ја претстави Балканската танцова платформа „Moving Balkans“ - развојот на млади кадри и нивно вмрежување главен фокус на проектот

Скопје, 13 мај 2024 (МИА) – Културниот центар Интерарт денеска во Младинскиот културен центар ја претстави Балканската танцова платформа „Moving Balkans“, преку која регионално се поврзуваат субјекти и поединци од областа на танцот и танцовите продукции од 11 земји од регионот. 

На прес-конференцијата беше посочено дека развојот на млади кадри и нивно вмрежување е главен фокус на проектот. Водечкиот партнер на проектот, Атанас Маев, од Танцовиот центар Дерида од Софија, вели целта е заедно со другите партнери од конзорциумот да направат децентрализација и им дадат можност да се развијат талентираните кои се родени во помалите средини на Балканот.

– „Moving Balkans“ има главна цел на најдобар начин да ги претстави балканските таленти на танцот пред светот на танцот. Следната година ќе имаме шанса да го направиме ова за време на првиот настан што ќе се случи во три града во Словенија и Хрватска. Тоа ќе се одржи помеѓу 10 и 30 мај, каде се поканети претставници на најважните танцови организации во светот, кои би можеле да бидат наши идни партнери. Да размислиме повеќе за талентите што можат да се родат во секое село, да ги откриеме и да им дадеме можност да се развијат и ги претстават своите уметнички идеи. Со целиот конзорциум, имаме можност да дизајнираме нов начин да стигнеме дури и до најмалото село на Балканот, посочи Маев. ра/аа/

Фото: МИА

 

Остани поврзан