Кремљ: САД сигурно ја сфатија пораката од Путин
- Кремљ денеска соопшти дека е извесно оти САД ја „сфатија“ пораката на рускиот претседател Владимир Путин, кој вчера објави дека Русија тестирала нова ракета со среден дострел во нападот на Украина
Москва, 22 ноември 2024 (МИА) – Кремљ денеска соопшти дека е извесно оти САД ја „сфатија“ пораката на рускиот претседател Владимир Путин, кој вчера објави дека Русија тестирала нова ракета со среден дострел во нападот на Украина.
- Вчерашниот говор беше многу, многу сеопфатен, јасен, логичен. Затоа, не се сомневаме дека сегашната администрација во Вашингтон имаше можност да се запознае со изјавата и да ја разбере, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Путин, во вчерашното обраќањето до нацијата изјави дека Русија изврши ракетен напад со нов проектил со среден дострел врз украинска воена локација како одговор на украинските напади во изминатите денови со западно оружје со голем дострел. Тој истакна дека Москва „има право“ да ги нападне западните земји кои го снабдувале Киев со оружје против цели во Русија.
Путин додаде дека Русија ќе издаде предупредувања доколку изврши повеќе напади со нова ракета врз Украина за да им овозможи на цивилите да се евакуираат. ми/
фото: МИА архива