• петок, 26 јули 2024

Кралот на Холандија смета дека Европа треба заедно да го реши мигрантското прашање

Кралот на Холандија смета дека Европа треба заедно да го реши мигрантското прашање
Атина, 31 октомври 2022 (МИА) – Би сакал да истакнам дека мигрантската криза со која се соочува Европа е нешто кое треба како Европа, заедно да го решиме. Кога говориме за границите на Европа, вашата граница е наша граница и затоа, ова прашање треба да го решиме заедно, истакна кралот на Холандија Вилем- Александер на средбата со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, јави дописничката на МИА од Атина. На почетокот на средбата двајцата се осврнаа на холандско – грчките односи, истакнувајќи дека двете земји ги поврзуваат долги врски на пријателство и важна историја: 70 години сојузници во НАТО и 40 години членки на ЕУ. Грчката претседателка ја спомена и руската инвазија во Украина, која „јасно стави до знаење дека оспорувањето на суверенитетот на една држава и употребата на сила против нејзиниот територијален интегритет се едни од главните предизвици со кои се соочува Европа и светот“, потенцирајќи дека  е особено е важно да се осуди ревизионизмот „од каде и да доаѓа“. Додаде дека заедничката осуда од Европа на руската инвазија на Украина „ја покажа силата и единството што ѝ се потребни за да ги брани своите заеднички вредности и фундаментални принципи на меѓународното право“. Кралот Вилем- Александер и кралицата Максима на Холандија од денеска се во тридневна официјална посета на Грција, а планирано е да остварат средби со градоначалникот на Атина Костас Бакојанис, со омбудсманите на Грција и Холандија, да го посетата Акропол, да учествуваат на тркалезна маса за насилството врз жените, да посетат средно училиште, прифатни центри за деца бегалци, како и детската онколошка клиника. ср/ссм/

Остани поврзан