• петок, 06 декември 2024

Две лица загинаа, неколку се водат како исчезнати по обилните дождови во североисточна Јапонија

Две лица загинаа, неколку се водат како исчезнати по обилните дождови во североисточна Јапонија

Токио, 26 јули 2024 (МИА) – Најмалку две лица загинаа, а неколку се водат како исчезнати по обилните дождови кои зафатија делови од североисточна Јапонија, предизвикувајќи поплави и свлечишта, соопштија денеска локалните власти.

Еден 86-годишен маж загинал во префектурата Акита, а уште еден се води за исчезнат, јави агенцијата Кјодо. Двајца полицајци во соседната префектура Јамагата исчезнале откако нивното полициско возило било однесено од поројни дождови, а еден од нив бил пронајден и потврдено дека е мртов.

Во Тозава, префектурата Јамагата, Силите за самоодбрана (СДФ) и властите спасиле десетина луѓе откако селото било поплавено и отсечено, соопштија локалните власти. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан