• вторник, 03 декември 2024

Трамп му посака добредојде на Нетанјаху и рече дека секогаш имал добри односи со него

Трамп му посака добредојде на Нетанјаху и рече дека секогаш имал добри односи со него

Мар-А-Лаго, 26 јули 2024 (МИА) – Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата сопруга Сара во одморалиштето Мар-а-Лаго на Флорида.

Трамп за време на средбата рече дека „секогаш имал многу добри односи“ со Нетанјаху, јавија светските агенции.

Нетанјаху, кој седеше спроти Трамп заедно со своите советници, рече дека Израел ќе испрати преговарачки тим за разговори за прекин на огнот во Газа во Рим „најверојатно на почетокот на неделата“.

Трамп и Нетанјаху се сликаа со фотографија на едно од децата на семејството Бибас, на барање на нивниот дедо Елијаху Бибас, кое Хамас го киднапира од кибуцот Нир Оз на 7 октомври. јт/

Фото: Х

Остани поврзан