• четврток, 22 август 2024

Концерт на Северина во Крива Паланка на 28 август

Концерт на Северина во Крива Паланка на 28 август

Крива Паланка, 14 август 2024 (МИА) - Општина Крива Паланка годинава е носител на манифестацијата „Град на културата", а покрај богатата програма, особено во август, од општината го најавија и големиот концерт на хрватската пејачка Северина, за 28 август, на Голема Богородица, во пресрет на 29 август, празникот на градот и денот на чествување на светецот - закрилник на Крива Паланка, Св.Јоаким Осоговски.

-Со задоволство го најавуваме концертот на една од најпопуларните регионални музички ѕвезди, кралица на сцената чиишто хитови се неодминлив дел од секоја забава, хрватската пејачка Северина, главна ѕвезда на големиот празничен концерт во Крива Паланка на 28 август 2024. Концертот е со почеток во 22 часот и 30 минути на градскиот плоштад, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Продолжува традицијата на организација богата летна култура програма во Крива Паланка, по минатогодишниот концерт на Здравко Чолиќ, годинава Северина.

Од општината велат дека на 28 август сите патишта ќе водат во Крива Паланка - "Градот на културата ".

Инаку, неделава не изостануваат бројните настани на програмата на "Кривопаланечко културно лето" и манифестацијата "Крива Паланка - Град на културата".

Вечер на летната сцена во градскиот парк ќе се одржи Меѓународната поетска манифестација"Лирски треперења ", утре, 15 август во дворот на основното училиште "Св.Јоаким Крчовски" ќе гостуваат "Europ'Raid"- караван на тркала"Пежо 205" со 600 Французи, подоцна во уметничката галерија на ЛУ Градски музеј Крива Паланка ќе бидат изложени минијатури на уметничката Александра Гедеон, со почеток во 19 часот и 30 минути, додека од 21 часот во градскиот парк ќе се одржи концерт на Bad ass all.

За петок, 16 август, е закажан концерт на Наташа Малинкова, една од најталентираните пејачки на македонската поп сцена која ќе донесе музичка вечер со незаборавни хитовски рефрени, концертот е закажан за 20 часот, а во исто време,сабота, 17 август ќе се одржи ретроспективен концерт на детскиот музички фестивал „Распеано симитче".ид/

Фото: плакат

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан